Search

Поднесено обвинение за татко и син кај кои беше пронајдено оружје и марихуана

Основното  јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе обвинение против татко и син, кај кои при претрес кај нив била пронајдено оружје и дрога.
Таткото е обвинет за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Неговиот син е обвинет дека го сторил кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

„На 22 ноември лани, при претрес во домот на обвинетиот татко во селото Кучково, било утврдено дека тој кај себе неовластено држел огнено оружје, поголемо количество муниција, како и експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети. Освен ова, кај осомничениот била пронајдена и марихуана со нето маса од 0.80 грама и вага со траги од наркотична дрога. Истиот ден бил извршен претрес и во домот на неговиот син во Скопје, кај кого била пронајдена 60.8 грама марихуана спакувана во една полиетиленска кеса“, велат од Јавното обвинителство.

Заедно со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител достави и предлог за продолжување на куќниот притвор за обвинетиот татко. За синот се уште се на сила определените мерки на претпазливост од страна на судијата на претходна постапка.

Треба да знаете
Последни објави