Search

По Гризман, Барселона планира уште еден трансфер удар

Тимот на Барселона напорно работи на изградба на нов тим за новата сезона. За време на оваа кампања, Каталонците немаа проблем да ја освојат титула во Премиер лигата, но тоа не беше случај во Лигата на шампионите, каде што тимот испадна во полуфиналето.

Претходно во сезоната беше објавен трансферот на Френки де Јонг од Ајакс, а капитенот на холандскиот тим, Матијас де Лихт, се очекува исто така да пристигне на „Камп Ноу”. Денес пак, Антоан Гризман објави дека го напушта Атлетико Мадрид по сезоната, а 99 отсто е сигурно дека ќе потпише со шпанскиот шампион, откако беше посакуван од „лос кулес” уште лани.

Сега во главниот град на Каталонија не планираат само уште еден трансфер, туку сериозен удар за вечниот ривал – Реал Мадрид. „Тутоспорт” пишува дека Барса е подготвена да го продаде Иван Ракитиќ за да собере пари и да го привлече Пол Погба од Манчестер Јунајтед.

Весникот вели дека тимот ќе понуди за светскиот шампион со Франција 130 милиони фунти, што е околу 30 милиони повеќе од она што Реал Мадрид е подготвен да го понуди.

Треба да знаете
Последни објави