Search

Планинар скршил нога на Кожув, го извлекле со хеликоптер на МВР

На 22.09.2019 во 14.00 часот во Полициската станица Гевгелија, А.Д.(28) од Богданци пријавил дека на планината Кожуф, на место викано „Сува рупа“, на непристапен терен, се лизнал и ја скршил ногата. Од екипа од Единицата за специјални задачи при МВР, со хеликоптер на МВР, повредениот бил извлечен и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.

Треба да знаете
Последни објави