Search

Петровска: Администраторот и креаторот на „Јавна соба” повикани во полициска станица

Две лица, од кои едниот администратор, а другиот креатор на групата „Јавна соба” на социјалната мрежа Телеграм, вчера биле повикани во полициска станица.

Ова денеска го објави дополнителната заменичка-министерка Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил.

https://www.facebook.com/slavjanka.petrovska/posts/10220394089744996

Истрагата на Бирото за јавна безбедност за групата „Јавна соба”, во која над седум илјади членови меѓусебно си споделувале фотографии со експлицитна содржина, некои преземени од Интернет, а некои од приватни конверзации, меѓу нив и од малолетни девојчиња на возраст од 12/13 години, продолжува.

Порталот „А1он“, пак објави дека администраторот на „Јавна соба“ вчера самиот се пријавил во полицијата, каде рекол дека целта на групата било да се споделуват забавни видеа, а не порнографија.

Треба да знаете
Последни објави