Search

„Петарда“ од Баерн за Ајнтрахт, хет-трик на Левандовски

Шампионот во Бунседлигата, Баерн Минхен ја покажа класата против Ајнтрахт Франкфурт и со високи 5-0 ги совлада противниците на „Алијанц арената“.

Баерн во составот го имаше феноменалниот полски голгетер, Роберт Левандовски кој трипати ја затресе мрежата на Трап.

Феноменален гол постигна и новото засилување за Баварците, Лирој Сане, а во последните моменти во листата на стрелци се запиша и Горецка за убедлив триумф.

Треба да се издвои и моментот од самиот почеток на мечот кога еден од најстандардните играчи на Баерн, Алфонсо Дејвис, лошо згазна на десната нога и заработи сериозна повреда. Тој веднаш го напушти теренот, а во Баерн се молат да не станува збор за толку сериозна повреда која ќе го оддалечи од терените на долг период.

Треба да знаете
Последни објави