Search

Пере од Нокаут: По трет пат ќе станам татко на ќерка- Победничката песна на Макфест „Сакам да живеам“ ја посвети на неговата нова сопруга Јована

Култниот бенд „Нокаут“ својата богата 24 годишна кариера ја збогати со уште едно признание – победа на јубилејното 35. издание на фестивалот „Макфест 2020“ со темата „Сакам да живеам“. Фронтменот на групата Никола Перевски – Пере, чувството по победата го опиша како ,,катарза“, бидејќи ова е нивна прва фестивалска награда, која ја добива во период на многу убави мигови и во приватниот живот.

– Во стиховите на темата „Сакам да живеам“ се содржани последните неколку години од мојот живот. Секој  збор во нив има симболика и отсликува реални сцени од мојот живот. „Птицата во мрак“ е љубовта која слета на мојот праг во вистинскиот момент. Таа се вика Јована. Со неа почнувам нов живот со заеднички победи. Таа е љубовта која ми ја дава најголемата поддршка во работата. Наскоро ќе станеме родители на девојче. По трет пат ќе станам татко на ќерка – открива Перевски на почетокот од нашиот разговор. .

УЖИВАМ ВО КРЕИРАЊЕТО НА ЗАЕДНИЧКИТЕ ПЛАНОВИ СО ЌЕРКИТЕ

ЖМ. Во песната има еден стих „Сакам да полетам, земји да прескокнам“. Со оглед на фактот што еден период живееше и се школуваше во Барселона, дали често поради неа доаѓаше во Македонија?

– Токму така, периодот кога студирав во Барселона навистина прескокнував земји за да ја видам мојата љубов, мојата радост. Истовремено доаѓав и за да го одржам континуитетот на настапи со Нокаут. Често пати ги прескокнував земјите и во мислите,  не само физички. Му благодарам на Бога, сега веќе нема потреба да го правам тоа.  Заедно сме, градиме заедничка иднина и ја продолжуваме нашата љубовна приказна. Во Барселона завршив аудио продукција на катедрата за електронска музика на реномираниот институт „САЕ“.

ЖМ. Наскоро повторно ќе станеш татко. Какво е чувството, како ти поминуваат деновите?

– Иако веќе имам две ќерки од првиот брак, повторно ја чувствувам истата трема и возбуда. Веќе сум искусен татко, постарата ќерка Михаела има 21 година, а помалата Каја, 13 години. Пресреќен сум и возбуден. Ги гледам како растат двете. Уживам во креирањето заеднички планови, во кои секако се вклучени и тие. Најголем дел од летото го поминавме во Охрид. Паралелно работам и на новиот албум. Оваа 2020 година, иако на многу полиња беше тешка, на приватен план е една од најубавите во мојот живот.

Целото интервју погледнете го на ЖЕНСКИ МАГАЗИН.МК

Треба да знаете
Последни објави