Search

Пентагон се откажа од одбранбен проект вреден милијарда долари

Пентагон се одлучи заради значителни технички проблеми да запре проект вреден милијарда долари, шето го водел во рамки на развојот на противвоздушната одбрана.

Американските медиуми пренесуваат дека Пентагон оваа одлука ја образложи со фактот дека договорот за проектот со “Боинг” е откажан откако било утврдено дека корекциите на проблематичниот дизајн на оружјето би биле прескапи.

Пентагон соопшти дека наскоро ќе повика учесници од иднустријата да се натпреваруваат за добивање дозвола за развој на „новата генерација пресретнувачи”, пренесоа американските медиуми, додавајќи ја претпоставката дека веројатно станува збор за одбранбено оружје за суперсоничните ракети што ги развиваат и Русија и Кина

Треба да знаете
Последни објави