Search

Пендаровски од Тетово: Силјановска не враќа во раните 90-ти години

Кандидатот за Претседател на Република Северна Македонија на коалицијата Заедно Напред, Стево Пендаровски денеска на граѓанска трибина во Тетово рече дека коцептот на опозиционата ВМРО ДПМНЕ и нивната кандидатка Гордана Давкова Силјановска е да го уништата до сега направеното и со тоа да ја вратат земјата назад и да ја блокираат иднината на сегашните и идните генерации.

-Нивната кандидатка сака да уништат се што оваа гарнитура направи. Ќе направеле ревизија на договорите и не кажуваат кој ќе им даде меѓународна гаранција за тоа, молчат. Сите најголеми светски сили рекоа „да“ за договорите и со нивна помош сме овде каде што сме денеска. Нема да видиме ни Н од НАТО ни Е од ЕВРОПА ако ги прекинеме тие договори. Нивната кандидатка заговара ревизија на сите овие докумнети. Силјановска е против Преспанскиот договор, против Законот за јазици, против децентрализација и против сите документи на кои почива нашата безбедност и сигурност, рече Пендаровски.

 

Треба да знаете
Последни објави