Search

Пендаровски го прими претседателот на Здружението на судиите, Џемали Саити

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска го прими Џемали Саити, претседател на Здружението на судиите и судија во Врховен суд на Република Северна Македонија.

На средбата беше разговарано за предизвиците со коишто се соочуваат судиите во вршењето насвојата одговорна должност, како и за развојните процеси во оваа област, со цел јакнење и гаранција на независноста, самостојноста и објективноста на судството. Во тој контекст, претседателот на здружението Саити го информираше претседателот Пендаровски за нивните досегашни активности во насока на поттикнување на развојот во судството, преку унапредување на законите за целокупната организација и работата на судовите.

Претседателот Пендаровски нагласи дека главен предуслов за напредокот на секоја државата е токму владеењето на правото, односно, неселективно и независно судство, коешто професионално, правично и непристрасно ќе ги спроведува законите.

Тоа, нагласи Претседателот, се придобивки од коишто, посредно или непосредно, се засегнати сите граѓани во Република Северна Македонија. Доследното практикување на правната држава е од витален интерес за нашите граѓани, рече претседателот Пендаровски, подвлекувајќи дека тоа е едно клучните барања на Европската унија, во пресрет на одредување на датум за почеток на пристапните преговори на нашата држава.

Треба да знаете
Последни објави