Search

Пациент натепал вработен во Психијатриската болница Демир Хисар

Вработен во Психијатриската болница Демир Хисар бил нападнат од пациент додека бил на работното место.

„ На 25.10.2021 во Полициската станица Демир Хисар, лекар од Итна медицинска помош Демир Хисар пријавил дека кај нив помош побарал Р.П.(53) од с.Слепче, демирхисарско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при физички напад од пациент во Јавната здравствена установа – Психијатриска болница Демир Хисар, каде Р.П. бил вработен“ соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави