Search

„Парадокс“- Нова песна и спот на Тајзи во чест на Илинден

Во чест на Илинден, Тајзи го промовираше новото видео за песната „Парадокс“. Спотот е дело на режисерот Даниел Јовевски, а сниман е на Мечкин Камен, Македониумот, Галеријата на Никола Мартиновски во Крушево и во Музејот на македонска борба во Скопје. Во видеото, покрај Тајзи се појавува и моделот Андријана Илиевска, а стајлингот е на Златко Јовановски.

Музиката за „Парадокс“ е на Лазар Цветковски, Тајзи и Кристијан Николов,  аранжманот на Л. Цветковски  и Сајов, а текстот кој го отсликува парадоксот на времето во кое живееме го напиша Драган Величковски Тајзи.

 

Треба да знаете
Последни објави