Search

Папата следната година ќе ја посети Црна Гора

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск ќе ја посети Црна Гора следната година, потврдено е на денешната средба во Ватикан на папата и премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ, соопшти црногорската Влада.

„Посетата на папата на Црна Гора ќе има историско значење”, оцени црногорската Влада.

На средбата со Марковиќ, папата Франциск ги пофалил политиките што Црна Гора ги спроведува во врска со екуменизмот, културата, екологијата и хуманизацијата во сите сфери на социјалните односи, соопшти Владата во Подгорица.

Треба да знаете
Последни објави