Search

Пакистан го повлече амбасадорот од Њу Делхи

Пакистан го повлече својот амбасадор од Њу Делхи на консултации по ескалација на тензиите со нуклеарно оружената соседна Индија, изјави денеска портпарол на пакистанското Министерство за надворешни работи.

– Го отповикавме нашиот висок комесар од Индија на консултации. Утрово го напушти Њу Делхи, напиша портпаролот Мохамед Фајсал на Твитер.

Индија минатата недела го повлече својот амбасадор од Пакистан по самоубиствениот напад врз воен конвој во Кашмир, кога бомбаш-самоубиец со автомобил полн со експлозив удри во автобус кој превезувал војници. Официјален Њу Делхи тврди дека Пакистан е вмешан во тој напад, а Исламабад остро демантира.

Треба да знаете
Последни објави