Search

Отворена прва читална во Шуто Оризари

 Во Општина Шуто Оризари денеска беше отворена првата читална за потребите на студентите Роми од оваа општина.
Читалната која се наоѓа во простории на СУГС „Шаип Јусуф” е отворена со поддршка на локалната самоуправа, во соработка со СУГС ,,Шаип Јусуф”, а по иницијатива на студентите Роми.
На отворањето на читалната се обрати Градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш, кој во своето излагање истакна дека таа се отвора за да може да им се излезе во пресрет на потребите на студентите.
Тој напомена дека вратите на општината се отворени за сите младински иницијативи и нови идеи. Потребни се млади Роми со желба и ентузијазам да придонесат во заедницата, рече тој, бидејќи само преку позитивни примери се развива просперитетно општество.
Треба да знаете
Последни објави