Search

Османи: ДУИ е за заеднички кандидат на претседателските избори

Ставот на ДУИ е дека е време Македонија да има консензуален кандидат за претседател. Кандидат кој ги надминува етничките и партиските линиии, кој ќе спојува и ќе биде гласот во кризни моменти, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска, одговарајќи на новинарски прашања, пред средбата со генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), Мајлинда Брегу.

Наведе дека претставниците на ДУИ во текот на претстојните денови со нивните коалициони партнери ќе разговараат во однос на заедничкиот кандидат за претседателските избори.

На прашањето, околку финансиските трошоци за имплементација на Законот за јазици, Османи нагласи дека за обезбедување на фундаменталните права нема пари кои треба да се проценат, посочувајќи дека се обидуваат максимално да ги искористат постоечките капацитети.

Во однос на очекуваните одлуки на Венецијанската комисија, заменик-претседателот на Владата наведе дека при подготовка на Законот имало одредени корекции за употребата на двојазичноста на униформите на војската и на парите, бидејќи, како што рече, може да биде надвор од Уставот.

– Со цел да не оставиме одредба што е сомнителна, што може да биде предмет на одредена мерка во Уставнито суд решивме тие две прашања да се повлечат од Законот за јазици, објасни Османи.

Наведе дека доколку Венецијанската комисија процени дека тие одредби се уставни, ќе бидат вратени во Законот.

– Мој личен став е дека додека Каракамишева е претставник на Македонија во Венецијанската комисија ништо не треба да се прати од овој Закон бидејќи таа веќе се обидува да направи субјективно влијание во однос на Законот и сметам дека нема да има, барем кај граѓаните, перцепција на објективност во проценката, меѓутоа сепак, ќе оставиме да разговараме деновиве со коалиционите партнери дали ќе ги пратиме сега тие одредби, потенцираше Османи.

На прашањето дали за ДУИ се преифатливи парламентарни избори тој одоговори дека ако се гледа партискиот интерес, нема подобар мемент од, како што рече, утре да се одржат предвремени избори.

– Меѓутоа ако се гледа државниот интерес не е момент бидејќи претстојните месеци се клучни за добивање на датум за започнување на преговори меѓутоа и за утврдување на една динамика за ратификација на протоколите за членство во НАТО во парламентите на земјите членки, истакна заменик-претседателот на Владата.

Оцени дека доколку се распишат избори, свесно ќе се наруши динамиката за започнување на преговори.

– Меѓутоа ако бидеме уценети, во смислам доколку нема парламентарни ќе има бојкот на претседателските, а тоа пак ќе создаде институционална криза што пак ќе создаде поголемо влијание врз динамиката на интеграцииите отоколку самите парламентарни избори, тогаш ќе седнеме и ќе размислиме, наведе Османи.

Треба да знаете
Последни објави