Search

Осквернавени еврејски гробишта во Франција

Околу 80 гробови се осквернавени на Еврејските гробишта во источна Франција, соопштија властите. Штетата е откриена денеска, во пресрет на најавените маршови на национално ниво против зголемувањето на антисемитистичките напади.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја осуди антисемитската злоупотреба, по нападот на истакнат интелектуалец за време на протестите во Париз изминатиот викенд.

Полицијата интервенираше за да го заштити филозофот, Алан Финкелекраут, откако тој беше бомбардиран со навреди и антиеврејски подбивања од страна на демонстрантите од групата „жолти елеци“.

Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер предупреди дека анти-Семитизмот во земјата се шири како отров, преку постојани пријави за серија анти-еврејски инциденти во центарот на Париз.

Треба да знаете
Последни објави