Search

Определена мерка притвор на 20 годишниот кој ја уби својата баба во Драчево

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје попладнево достави Предлог за определување мерка притвор за 20-годишното момче од Драчево, за кое постои основано сомнение дека вчера ја лиши од живот неговата 66-годишна баба.

Судијата го прифати ваквиот предлог и на осомниченото лице му е определена мерка притвор во  траење од 30 дена, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и опасност осомничениот да го повтори делото.

Јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување истрага против осомничениот за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.2 од Кривичниот законик.

Имено, осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот оштетената, негова баба по мајка, нанесувајќи и повеќе убодни рани со нож, од кои една засецна рана во пределот на вратот била смртоносна.

За потсетување, извршителот вчера сам се пријавил во полициска станица и признал дека ја лишил од живот неговата баба. Мотивите за кривично-правниот настан се уште се утврдуваат. По наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција, а се вештачат и трагите и материјалните докази пронајдени на лице место при извршениот увид.

Треба да знаете
Последни објави