Search

Опозицијата да ја почитува забраната за собири заради заштита на безбедноста на граѓаните, апелира Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска апелираше до опозицијата која најави протести во повеќе градови да ја почитува забраната за јавни собири, заради заштита на здравјето и спречување на ширењето на коронавирусот.

-Апелирам да се почитуваат мерките, затоа што ако има одлука да нема можност за собирање и протести тоа да не се прави пред се заради здравјето и животот на граѓаните. Ако наш висок приоритет е да ги сочуваме здравјето и животот на граѓаните тоа треба да го направиме сите. Заштитата од Ковид-19 не подразбира власт, опозиција, вера или нација, туку подразбира сите заедно во борба против овој непријател и да ја зачуваме државата народот и здравјето и животот на граѓаните, рече Спасовски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со одредени закани од некои опозициски лидери, тој рече дека безбедносната состојба во земјава е стабилна, мирна без никакви основи за нарушување на јавниот ред и мир. Заканите од одредени лица од опозициските партии, потенцира Спасовски, се следат, но, тие не претставуваат никаков проблем за јавниот ред и мир.

На вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ поради ставовите искажани од премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС беа најавени протести и блокади во неколку градови во земјава.

Треба да знаете
Последни објави