Search

Оперската пејачка на која два пати ѝ се трансплантирани белите дробови почина во 36. година од животот

Американската оперска пејачка Черити  Тилеман-Дик, чиј прекар беше Саншајн,  почина на 36-годишна возраст, јави „Би-би-си“.

„Ова утро се затвори животната завеса на една од најголемите хероини. Нашата сакана Черити почина опкружена од нејзиниот сопруг, мајка и браќа и сестри со сончева светлина на нејзиното лице“, објави нејзиното семејство на официјалната фејсбук-страница.

Точната причина за смртта сè уште не е соопштена.

Во 2004 година ѝ беше дијагностицирана пулмонална хипертензија, поради што беше два пати на трансплантација на белите дробови. И покрај сериозната болест која ѝ го доведуваше животот во опасност, Черити продолжи да работи и настапуваше низ целиот свет.

Черити живееше во Балтимор, Мериленд, со сопругот Џонатан Дорон.

„Никогаш немаше да си простам ако не се обидев во музиката”, изјави еднаш Шерити за „Би-би-си“.

Треба да знаете
Последни објави