Search

ОН: Поморскиот и воздухопловниот персонал да се означи како клучен

Агенциите за поморство, труд и воздухопловство на Обединетите нации денеска повикаа на итна акција за оквалификување на поморскиот и авијацискиот персонал како клучни работници.

Во заедничката изјава, тие велат дека поради патните ограничувања екипажи остануваат заробени во целиот свет, јави Би Би Си.

Агенциите на ОН посочуваат дека оквалификувањето на екипажите на бродовите, како што се риболовни чамци и товарни бродови, ќе им помогне тие полесно да се префрлат и да се вратат во своите домови.

Во соопштението се бара поддршка од владите за олеснување на промените на екипажот и операциите потребни за одржување на глобалниот синџир за снабдување. Покрај тоа, тие посочуваат дека до крајот на следниот месец на десетици илјади морнари ќе им требаат меѓународни летови за безбедно да се вратат во својата земја.

Треба да знаете
Последни објави