Search

Од утре почнуваат отворените денови на Централниот регистар

Од утре почнуваат отворените денови на Централниот регистар на кои граѓаните ќе имаат можност да се информираат за прашања поврзани со услугите и работата на оваа институција.

Отворените денови ќе траат до 4 октомври, а претставници на Централниот регистар ќе ги посетат регионалните канцеларии во Тетово, Куманово, Битола, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Прилеп, Скопје и Охрид.

Целта е услугите што ги нуди Централниот регистар да станат подостапни за корисниците и да се отстранат сите административни бариери со кои се соочуваат бизнисмените при водењето на својот бизнис.

– Централниот регистар секојдневно е отворен за потребите на граѓаните, но со овие посети на членови на врвното раководство на нашите регионални канцеларии, сакаме да ставиме уште поголем акцент на прашањата и проблемите со кои бизнис секторот, а особено микро и малите бизниси се соочуваат во нивното работење, изјави во петокот директорката на Централниот регистар Марија Бошковска-Јанковски. 

Треба да знаете
Последни објави