Сања Илиќ починал на 70-годишна возраст.Роден е во 1951 година во Белград. Неговиот татко бил композиторот Миодраг Илиќ Бели, а брат му е композиторот Драган Илиќ, кој свирел во групата Генерација 5. Еден од неговите прадедовци бил академик Јован Жујовиќ, а другиот бил војник на солунскиот фронт и пратеник Алекса Жујовиќ.

Сања Илиќ бил оженет со актерката Злата Петковиќ.

Кога имал 12 или 13 години, тој напишал музика според текст на Душко Радовиќ во изведба на Драган Лаковиќ. Кога имал 16 години, ја испратил својата композиција „Поет на мирот“, испеана од Лола Новаковиќ, со која Југославија требало да биде претставена на Евровизија 1968. Во 1976 година, неговата композиција „Чао, чао, чао“ е изведена од Бисера Велетанлиќ, на истиот натпревар, но овој пат во Опатија.

Тој дипломирал на Архитектонскиот факултет во Белград во 1975 година.

Како млад настапувал во групата Враголани, а потоа и во групата Сан. Неговиот најдобар пријател Предраг Јовичиќ Трта, кој бил пејач на групата Сан, починал од струен удар за време на концерт во салата Чаир во Ниш во 1975 година. Во спомен на него, тој го сними албумот Спомени. Во седумдесеттите години на 20 век, тој ја компонирал музиката за химната на фудбалскиот клуб Црвена Звезда на текстот на Љубивоје Ршумовиќ. Неговата песна „Хало,хало“ изведена од групата Аске ја претставуваше Југославија на Евровизија 1982 година. Песната „Принцеза“ во изведба на Слаѓана Милошевиќ и Дадо Топиќ беше кандидат во југословенскиот избор за Евровизија во 1984 година

Тој ја основал групата Балканика во 1998 година, а првиот концерт се одржал на 26 јуни 2000 година. Настапувал со Балканика на концерти низ целиот свет. Ја претставувал Србија на Евровизија 2018 во Лисабон, заедно со неговиот бенд; песната се вика Нови деца. Песната влегла во финалето на Евровизија.