Search

Од затвор избегале 75 затвореници, од кои поголем дел членови на озлогласена бразилска банда

Најмалку 75 затвореници, од кои голем дел членови на озлогласена бразилска банда, избегале денеска од затвор во Парагвај, соопштија властите, објави Би-би-си.

Тие навеле дека во затворот, чиј директор веднаш бил сменет, пронашле тунел преку кој избегале затворениците како и 200 кеси со ископана земја во ќелиите.

Министерката за правда, Сесилија Перес, рекла дека не е можно никој да не видел ништо затоа што тоа, како што кажала, не е работа за еден ден или една ноќ.

Министерот за внатрешни работи, Еукалидес Асеведо, изјави дека тунелот служи како маска за да прикрие соучесништво на вработени во затворот и дека можно е многу затвореници да биле пуштени низ главната капија на затворот.

Тој рекол дека поголем дел од избеганите затвореници се од бразилската банда „Премиеро командо да капитал“, формирана во деведесеттите години во затвор во Сао Паоло, која е една од најголемите криминални организации во Бразил.

Треба да знаете
Последни објави