Search

Од запалена „фелиција“ во Влае изгоре прозорец од зграда и „пасат“

На 06.08.2020 во 00.40 часот во СВР Скопје, М.С.(25) од Скопје пријавила дека на улица Кленоец настанал пожар, при што било опожарено патничко возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(68) од Скопје

Од пожарот биле зафатени и дел од фасада на зграда на улица Кленоец, со прозорец и ролетна од стан, како и паркирано патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Ј.(48) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави