Search

Од 15 часот блокади во Скопје, а од 18 часот протести низ 15 градови низ Македонија

Владата на Република Македонија денеска ќе биде блокирана од 15 до 16,30 часот, со протестот што во Скопје го организира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Потоа, како што објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе следува протест во 15 градови во Македонија што ќе почне во 18 часот.

Мотото на протестот против предавствата на Владата, предводена од Зоран Заев, е „Оставка на Заев, слобода на народот – протест сега, за да не биде предоцна“.

Треба да знаете
Последни објави