Search

Нови 13 основни училишта добија согласност за настава со физичко присуство

Владата синоќа на седница го усвои Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, поднесени во периодот од 5 до 6 октомври 2020 година. Според извештајот, Комисијата разгледала вкупно 39 барања од основни училишта и даде согласност за започнување на настава со физичко присуство на 13 основни училишта, додека барањата на 25 основни училишта не се прифатени. Комисијата даде делумна согласност на едно основно училиште за настава со физичко присуство за практичната настава со оглед дека станува збор за музичко училиште. Целиот извештај на Комисијата за барањата поднесени од 5 до 6 октомври 2020 година може да се види на следниот ЛИНК.

Треба да знаете
Последни објави