Search

Николовски ќе бара разрешување на Димова на следната владина седница

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски на следната владина седица ќе побара разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова.

Тој на својот фејсбук-профил синоќа напиша дека има спротивен став од Димова и оти таа треба да си поднесе оставка.

– Директорката Лидија Димова, смета дека не треба да даде оставка, но јас имам спротивен став. На наредната владина седница ќе побарам оставка и разрешување на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, напиша Николовски на Фејбук.

Откако во јавноста излегоа информации дека Димова доделила 270 илјади евра на фризерница, Николовски побара од неа пред јавноста да ги презентира сите информации за случајот со доделување финансиски средства од Европската унија.

Димова на прес-конференција рече дека не дава оставка и оти за програмата „Еразмус плус” може да аплицира секој. Добитникот на грантот од 270 илјади евра Зоран Златановски, кој исто така присуствуваше на прес-конференцијата заедно со Димова, изјави дека е лажна вест дека грантот го добила фризерница, бидејќи аплицирал со фирмата „В.Е.З трејд” која има посебна сметка и е наменета само за проектите за Еразмус.

Со случајот е запознаена и Европската комисија.

-Сите наводи за злоупотреба се разгледуваат и онаму каде што станува збор за ЕУ фондови, секое нерегуларно трошење ќе биде идентификувано и ќе се врати назад, изјави неодамна за МИА, Сузан Конзе, портпаролка на ЕК. 

Треба да знаете
Последни објави