Search

Никица Корубин од ЛДП ќе настапува како независен пратеник

Во меѓувреме на социјалните мрежи се огласи пратеничката на ЛДП, Никица Корубин, која најави дека во иднина ќе настапува како независен пратеник во Собранието, кое деновиве треба да ја разгледува драфт-верзијата за законот за амнестија.

„Сакам да ве информирам, дека од денес настапувам како независен пратеник/ЛДП во Собранието на Република Македонија, во рамките на пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Утре ќе го известам претседателот на Собранието на Република Македонија. Во рамките на ЛДП ќе делувам како фракција. Ако сакаме демократија во општеството, мора да имаме демократија во политичката партија. Лошите пракси во политичката партија се рефлектираат во државата и општеството. Затоа мора да се спротивставиме на секое нарушување на принципите на делување по правила и стандарди, бидејќи политиката не е за личниот, туку за општиот интерес. Од секого од нас зависи, само доколку ја разбереме моќта на позицијата која ја имаме”, напиша  Корубин на Фејсбук.

https://www.facebook.com/nikica.korubin/posts/2256130934417429

Треба да знаете
Последни објави