Search

Неколку медиуми ги вратија финансиските средства добиени од грчката Влада за кампањата „Остануваме дома“

Медиумската групацијата „Алтер его” на грчкиот бизнисмен Вангелис Маринакис, како и неколку регионални информативни портали, соопштија дека ги враќаат финансиските средства добиени од грчката Влада за кампањата „Остануваме дома”, односно за кампањата за информирање на граѓаните за превенција од новиот коронавирусот на почетокот на пандемијата и во периодот додека земјата беше во карантин, јави дописничката на МИА од Атина.

Од „Алтер его” во чија сопственост се, меѓу другото и весниците „Та неа” и „То вима” и телевизијата „Мега”, изјавија дека сакаат да ја изразат нивната независност, не се согласуваат со методот на распределување на финансиските средства, додавајчи дека вчера ги вратиле парите и побараа од Владата, вратените средства да ги достави до семејствата на невработените медиумски работници.

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека доколку медиумите ги вратат парите, ќе одат во државниот буџет.

Телевизии, радија и сајтови, вкупно 1.232 грчки медиуми добија финансиски средства од Владата во висина од 20 милиони евра за кампањата „Остануваме дома” согласно листата што во понеделникот ја објави портпаролот на грчката Влада.

Конкретната листа предизвика реакции во Грција и наиде на критики за начинот на кој биле распределени парите.

Треба да знаете
Последни објави