Search

Не трчајте и не одете брзо – еве како да се заштитите од змиите

Не трчајте и не одете брзо – еве како да се заштитите од змиите

Важно е да знаете дека од змии не треба да се плашите и дека внимателноста е доволна за да се заштитите. Змијата не е насилно животно и сама бега од опасност, напаѓа само ако биде загрозена. Сепак, за да го намалите ризикот од каснување на змија отровница, потребно е да се држите до некои правила на однесување за време на престојот во природа.

1. Додека одите низ шума правете бука, така што ќе носите стап со кој ќе тропате пред себе или ќе шушкате по околните лисја или грмушки, а може да тропате и со стапалата. Змиите така ќе ве „слушнат“ кога надоаѓате и ќе се сокријат сами.

2. Гласното зборување нема ефект, бидејќи змиите не слушаат, туку примаат вибрации преку телото.

3. Не трчајте и не одете брзо, бидејќи така змиите не можат да стигнат да се сокријат.

4. Гледајте каде застанувате, како би ги забележале змиите навреме, но ако ги почитувате претходните правила, ќе мислите дека во шумата нема воопшто змии, бидејќи ќе ве „слушнат“ од далеку. Исклучок е ако некоја змија ја изненадите на спиење, бидејќи тогаш се чуствуваат загрозено и подготвени се да се одбранат.

5. Ако се движите во група, обидете се да газите онаму каде што поминале пред вас.

6. Водете сметка на местата каде може да бидат змиите. Тоа е обично карпест и шумски предел, во близина на вода. Наутро и навечер змиите излегуваат на камењата бидејќи тука им е потопло, а кога е жешко преку ден, се повлекуваат во пукнатитините или некои други места под сенка.

7. Кога ќе сретнете змија, застанете и смирете се. Не се плашете и не паничете и почекајте да си оди. Подгответе стап пред себе, така што ако таа тргне кон вас, може да ја оттурнете.

Треба да знаете
Последни објави