Search

Не е фер Меси да заработува повеќе од 1.693 фудбалерки, сметаат Обединетите нации

Обединетите нации на својот фејсбук-профил на 24 јуни објавија информација според која познатиот фудбалер Лионел Меси годишно со бонуси заработува околу 84 милиони евра, додека платите на 1.693 професионални фудбалерки од седумте најголеми светски лиги годишно изнесуваат вкупно 42 милиона евра.

Светската организација во статусот на „Фејсбук“ потсетија на Светското првенство во фудбал за жени и повикаа јавноста да им се придружи на ОН во барањето на еднакви плати за машките и женските спортисти.

https://www.facebook.com/unitednations/photos/a.89524425819/10157551264225820/?type=3

ОН на својата фејсбук-страница порачува дека спортот има моќ да ги промени животите. Спортот е еден од најмоќните начини за постигнување на родова еднаквост, бидејќи жените и девојките ги мотивира на тимски дух, истрајност и самодоверба.

Познавачите на состојбите во светскиот фудбал, пак, велат дека во овој пример ОН јасно се водени од принципите на строга подреденост, каде идејата е дека жените за истата работа треба да бидат платени исто како и мажите.

Притоа, се наведува дека ОН не зела предвид дека популарноста и финансиската моќ на машкиот и женскиот фудбал се различни и дека спроведувањето на нивните идеи во пракса би предизвикало колапс на женскиот фудбал, кој според правилата на пазарот, се уште не можат да си дозволи една спортистка годишно да ја плаќа 84 милиони евра.

Симпатизерите на фудбалскиот ас, пак, сметаат дека ОН имале многу попаметни начини да укажат на фактот дека мажите и жените треба да имаат еднаква плата за еднаква работа.

Треба да знаете
Последни објави