Search

Најстарата брачна двојка заедно има 211 години и совет за долга љубов

Заедно имаат повеќе од два века – Американецот Џон Хендерсон наполни 106 години, а неговата сопруга Шарлот е една година помлада.

Според Гинисовата книга на рекорди, оваа брачна двојка од Тексас е најстарата жива двојка во светот, пишува „Јутарњи лист“.

Џон и Шарлот од Остин во декември ќе слават 80 години заеднички живот, колку што е животниот век на еден просечен Американец, пренесува Си-ен-ен.

Двојката се венчала во 1939 година, а се запознале во 1934 година додека биле студенти на Универзитетот во Тексас. Шарлот студирала да стане учителка, а Џон бил член на фудбалскиот тим.

За Си-ен-ен изјавиле дека времињата кога се венчале биле толку тешки што на хотелската соба која ја изнајмиле за меден месец потрошиле само седум долари. Исто така, се наведува дека Џон е најстариот жив поранешен фудбалер на Универзитетот од Тексас.

Оваа двојка е жив доказ дека љубовта може да го преживее тестот на времето. Тие велат дека љубовта меѓу нив само се зголемувала со текот на годините. Пред десет години, тие се преселиле во селото Лонгхорн во локална заедница за пензионири кои ги поврзува универзитетот на кој студирале. Таму се среќни како и досега.

Џон сè уште вежба секојдневно, а на прашањето од новинарот на Си-ен-ен за тајната за долг живот и среќен брак, одговорил: „Бидете умерени во сè што правите и бидете љубезни и нежни со вашата сопруга“.

Треба да знаете
Последни објави