Search

Најслаткиот бакнеж на светот: Александра Пријовиќ го покажа синчето и ги разнежни сите со фотографијата

Снаата на Лепа Брена и Боба, пејачката Александра Пријовиќ за прв пат сподели фотографија со нејзиниот син Александар со своите следбеници на „Инстаграм“.

Иако детето наполни две години на 9 март, Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ не го изложуваат својот наследник во јавноста.

Но, Александра реши да направи исклучок и да сподели една убава фотографија со малото синче.

– Најслаткиот бакнеж на светот – напиша Александра.

фото: Инстаграм

Александра и малиот Александар „собраа“ повеќе од 30.000 лајкови за само неколку часа.

извор: novosti.rs

Треба да знаете
Последни објави