Search

Најмалку 16 повредени при земјотрес во Кина

Најмалку 16 лица се повредени, а 378 се евакуирани при земјотрес со јачина од 5,7 степени во кинеската провинција Сичуан.

Властите објавија вонредна состојба.

На местото на земјотресот се испратени спасувачки екипи.

Неколку земјотреси се регистрирани денеска на 70 километри од градот Ибин. Епицентарот на земјотресите бил на длабочина од 12 километри. Срушени се неколку домови и затворен е патен правец.

Треба да знаете
Последни објави