Search

Најголемата болка на Мицкоски е што парите завршуваат кај граѓаните, нека не се чуди зошто е во опозиција, уште долго ќе биде таму

Ништо ново од губитникот Христијан Мицкоски, тој и ВМРО-ДПМНЕ имаат проблем секогаш кога парите од Буџетот завршуваат кај граѓаните, а не во белиот дворец како што беа навикнати цели 11 години.

Денеска, како по навика, на едвај презентирани за помош на граѓаните и економијата, Мицкоски скокна да се буни против четвртиот пакет антикризни мерки.

Мицкоски е против 470 милиони евра да завршат како поддршка за работниците, за компаниите, за занаетчиите.

Мицкоски е против мерката за финансиска помош од 14.500 денари месечно со која се спасуваат стотици илјади работни места, Мицкоски е против поддршка на туристичката, угостителската и транспорната дејност.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се силно против тоа да се зајакне потрошувачката и куповната моќ на пензионерите, на самохраните родители.

Не е ништо ново дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остро се противеа и се уште се противат на мерката Мој ДДВ, само овој пат тоа го засилија со лажни вести дека наводно биле ветувани четири викенди без ДДВ, што никогаш и не се случило.

Мицкоски освен што не знае економија тој се противи на секоја мерка што е од интерес на граѓаните и затоа нека не се чуди зошто губи три пати по ред на избори. Нека не се чуди зошто е во опозиција, со вакво однесување уште долго време ќе остане таму каде што е.

Треба да знаете
Последни објави