Search

Научниците сметаат дека тркачите и велосипедистите во парковите мора да бидат оддалечени до 20 метри

Студијата на научниците од белгискиот универзитет Левен и холандскиот во Ајндховен покажува дека оддалеченоста од два метри меѓу луѓето што се движат можеби не е доволна. Тим предводен од Берт Блокен, кој работи на двата универзитета, проучувал како се однесуваат капките на разни телесни течности кога телото е во движење. Додека трча или вози велосипед, лицето се поти, подлабоко дише и со посилно издишување исфрла капки многу подалеку.

Според студијата, луѓето треба да одат на растојание од околу четири метри едни од други за да остават доволно простор за капките да паднат на земја. Кога станува збор за трчање или побавно возење велосипед, луѓето треба да бидат оддалечени десетина метри, а при брзо возење велосипед треба да бидат оддалечени до 20 метри едни од други за да се избегне можно пренесување на инфекцијата.

Но, не сите научници се согласуваат со тимот на „Блокен“, така што Стивен Фергусон, експерт од „Сименс“ за динамика на капките, рече дека е невозможно да се генерализира на тој начин. Исто така, тој смета дека луѓето не треба да престанат да се рекреираат, туку да го прават тоа со многу поголема доза на претпазливост.

Треба да знаете
Последни објави