Search

Научниците откриле кога е најдобро време да испиете кафе, а да не ви поремети сонот

За многумина од нас кафето е неопходен дел од дневната рутина и утрото е незамисливо без тој ароматичен пијалок. Сепак, иако се чини дека кафето испиено околу 13 часот ќе испаридо 16 часот кога ќе бидете подготвени за нова шолја, подобро е да се остави телото слободно од кофеин некое време, пишува Independent.

Според најновите истражувања, треба да го избегнувате кафето по 14 часот или околу седум часа пред спиење за да избегнете кофеинот да влијае врз сонот.

Една студија објавена во Journal of Clinical Sleep Medicine открива дека конзумирањето на кафе дури шест часа пред спиење може да влијае на квалитетот на спиењето. Иако учесниците во истражувањето заспале без поголеми проблеми, анализата на нивните соништа покажала дека кафето пред спиење има големо влијание врз квалитетот, односно длабочината на сонот.

Предоцна испиеното кафе може да ве доведе до состојба џет-лег, односно пореметување на внатрешниот часовник кое се јавува поради долги летови и менувања на временски зони.

Според една студија спроведена од научници од Обединетото Кралство и САД, кафето испиено три часа пред спиењето може да го врати внатрешниот часовник за цели 60 минути. Освен што го нарушува циклусот на спиење, нарушениот внатрешен часовник е поврзан со срцеви проблеми и Алцхајмеровата болест.

Општото правило што треба да се следи е: не пијте кафе по два часот попладне, односно консумирајте го меѓу 10  и 12 часот, односно кога кофеинот е најпотребен и кога телото најдобро го користи телото.

Да додадеме и дека познатата американска клиника за леување на зависности „Mејо“ препорачува дневниот внес на кофеин да се ограничи на 400 mg.

Треба да знаете
Последни објави