Search

НАСА објави фотогафија од падот израелскиот слетувач на Месечината

Американската вселенска агенција НАСА објави фотографии од местото на падот на израелскиот Бершит месечев слетувач, на коишто се гледа темна дамка. Леталото се урна на Месечината минатиот месец.

Црно-белите фотографии прикажуваат како изгледа местото пред и по падот на слетувачот. На тоа место на 11 април годинава, поради дефект на моторот, неуспешно заврши првата мисија на израелската организација Спејс-ИЛ.

Од НАСА со својот Лунарен извиднички орбитер (ЛРО) ги снимиле фотографиите на 22 април, 11  дена по уривањето. Сателитот кружи на само 90 километри над месечевата површина.

Темната дамка широка околу десет метри ја немало на фотографиите од истата локација од лани.

Треба да знаете
Последни објави