Search

Напаѓач со нож повредил гостиварец

Жител од гостиварското село Градец бил нападнат со нож и повреден, вчера во локал во селото Градец, општина Врапчиште.

Според полицијата, околу 21.30 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека во локал во селото Градец, Б.Х.(25) од истото село го нападнал соселанецот К.И.(24).

Според пријавеното, Б.Х. со остар предмет му нанел убодна рана на левата рака на К.И.

На К.И. му била укажана лекарска помош во болницата во Готивар.

Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави