Search

Назначувањето на Бучковски е очаен обид да се најде жртва за да се препише поразот на Заев

Кадарот Владо Бучковски не е никаков скриен ас на Заев во преговорите, туку очаен обид да се најде жртва кому ќе се препише поразот на политиките на премиерот во заминување, велат од ВМРО-ДПМНЕ, откако Владата денеска го назначи експремиерот Бучковски за специјален претставник за Бугарија.

„Назначувањето на Владо Бучковски е и потврда дека во СДСМ врие и на овој начин Заев преку доделување на функции се обидува да најде сојузници да ја зачува својата фотелја бидејќи со погубните политики не само што се доведува во прашање егзистенцијата на премиерското место туку и на претседателското во СДСМ“, велат од опозициската партија.

Оттука додаваат дека наместо замајување на јавноста со стари и истрошени кадри, Заев треба да одговори за што точно тајно преговара со бугарската влада овој викенд и дали е се тргува со историјата, јазикот, македонското малцинство идентитетот.

Опозицијата прашува и зошто Заев отфрлил постигнување на национален консензус за ова прашање и зошто се плаши од национално единство во разговорите со Бугарија.

Треба да знаете
Последни објави