Search

Надал: Не е мое да зборувам за ривалството со Ѓоковиќ

Ѓоковиќ и Надал се сретнаа вкупно 52 пати досега и нивното ривалство веројатно е најголемото кое некогаш постело во тенисот, па можеби дури и во сите спортови воопшто.

 

Бројката од 52 меѓусебни дуели изгледа навистина нерелано, а подобар ривал, барем засега е Србинот Новак Ѓоковиќ, кој има 27 победи, односно 2 победи повеќе од Шпанецот.

После подолго време без спектакл, на каков што сме навикнати гледајќи ги овие две тениски легенди со години, Новак и Рафаел повторно одиграа меч на каков што веќе не навикнаа, а Србинот во еден извонреден дуел беше подобар противник и стана овогодишен шампион на Вимблдон.

Надал со право, вели дека не е тој, оној кој треба да зборува за величината на нивното ривалство, како и за таканаречената „голема четворка“, бидејќи токму тој е дел од тоа ривалство.

„Не можам јас да зборувам за тоа, бидејќи и јас сум дел од приказната. Замислете да дојдам и да ви речам дека тоа е фантастична работа за тенисот, зарем не би звучел помалку арогантно? Сите треба да имаат сопствено мислење, без разлика на тоа какво е. За мене секогаш важи тоа дека најдобрите играчи ве тераат да го подигнете нивото на игра, нивото на тенис и секогаш да се трудите да бидете подбри“, изјави Надал.

 

Рафа, воедно на социјална мрежа му ja честиташе на Новак на победата и испрати порака до своите обожаватели.

„Порака за моите обожаватели – Благодарам за поддршката во текот на целиот турнир. Јас не можев да бидам шампион, затоа му честитам на Новак. Веќе се вратив дома, каде малку ќе одморам, пред да започнам да се подготвувам за американската турнеја“, напиша најдобриот играч на земја на сите времиња.

Треба да знаете
Последни објави