Search

Надал: Не бев доволно добар

Шпанецот Рафаел Надал го коментираше поразот од Германецот Александар Зверев во групната фаза на завршниот АТП турнир во Лондон.
– Немам поплаки за физичка состојба. Немам болка во стомакот. Ова е единствената позитивна точка, да се биде искрен. Физичката состојба не е изговор. Единствениот изговор е што не бев доволно добар, за разлика од Саша. Треба подобро да дејствувам на следниот меч. По УС Опен, малку тренирав, вклучително и поради повреда на раката. Можеби не беше доволно, но овие се моите проблеми, кажа Надал.
Шпанецот во 2. коло од групната фаза утре ќе игра со рускиот тенисер Данил Медведев, додека негов последен ривал ќе биде Стефанос Циципас.

Треба да знаете
Последни објави