Search

На Харадинај му доцнеше летот за Хаг, па Пацоли му го даде приватниот авион

Со неколку часовно задоцнување, косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај, отиде во Хаг.

Задоцнувањето се случило поради авиокомпанијата со која првично беше планирано патувањето на Харадинај.

Сепак, Харадинај не патувал во Хаг со договорената компанија, јавува КТВ. Јетлир Зиберај, советник на министерот за надворешни работи, Беџет Пацоли, за Кохавизион потврди дека шефот на косовската владата во оставка, патувал со приватниот авион на Пацоли.

Пред да замине во Холандија, Харадинај зборуваше за „Ројтерс“, потврдувајќи дека ако нема обвинение против него, тој ќе се кандидира со Алијансата за иднина на Косово на изборите.

Инаку, Харадинај денеска на Фејсбук, напишал дека во Хаг оди како државјанин на Косово, додека зборуваше за подготвеноста на земјата да продолжи со разговорите со Србија, но дека конечниот договор меѓу државите треба да биде признавањето на Косово во постоечките граници.

Харадинај минатиот петокот доби покана од Специјалениот суд во Хаг да биде интервјуиран. Ова беше, исто така, и причината поради која тој поднесе оставка од функцијата премиер, бидејќи изјави дека не сака да оди во својство на шеф на Владата на Косово.

Треба да знаете
Последни објави