Search

На првиот работен ден во Брисел, Лајчак се сретна со амбасадорите од Западен Балкан

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други прашања од Западен Балкан Мирослав Лајчак денеска, на својот прв работен ден во Брисел, разговараше со амбасадорите на западнобалканските земји.

„Имавме конструктивен разговор за ситуацијата во регионот и евроинтегративниот процес”, напиша Лајчак на својот Твитер профил.

Тој појасни дека ги известил амбасадорите на земјите од регионот за своите планови во рамки на новиот мандат специјален претставник на ЕУ за дијалог и Западен Балкан.жМинатата недела Лајчак најави дека после речиси два месеци минати во Братислава, поради пандемијата на Ковид-19, денеска ќе пристигне во Брисел и физички ќе ја преземе канцеларијата на Специјален ЕУ претставник.

Треба да знаете
Последни објави