Search

На први јули предизборна ТВ дебата на лидерите на грчките политички партии

Претседателите на СИРИЗА, Нова демократија, Движење на промена, Комунистичката партија и Сојуз на централисти, на први јули ќе се соочат во студиото на државната телевизија ЕРТ и ќе одговараат на прашања на новинари во телевизиската дебата во пресрет на предвремените парламентарни избори во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во дебатната емисија ќе учествуваат лидерите на петте, од осумте политички партии што на минатите избори се добија претставници во Парламентот. Претседателите на Река и Независни Грци нема да бидат дел од дебатата бидејќи нема да учествуваат на изборите, додека пак Златна зора не доби покана.

Алексис Ципрас од СИРИЗА, Кирјакос Мицотакис од Нова демократија, Фофи Генимата од Движење на промена, Димитрис Куцубас од Комунистичката партија и Василис Левендис од Сојуз на централисти, на шест дена пред изборите на 7 јули, ќе одговараат на прашањата на новинарите од пет приватни телевизии, а дебатата ќе ја води новинар од ЕРТ.

Деталите околу дебатата дополнително ќе бидат договорени.

Од политичките лидери кои ќе учествуваат, Ципрас од СИРИЗА, Генимата од Движење на Промена и Куцубас од Комунистичката партија, веќе имаат искуство од последната телевизиска дебата, одржана на 9 септември 2015 во пресрет на тогашните парламентарни избори.

Тогаш, лидерите одговараа на прашања поделени во шест дела, односно шест круга со различни области: економија, развој невработеност; образование, здравство, администрација, општествена политика; бегалци и имигранти; надворешна политика и одбрана; слободна тема- прашања по избор на секој новинар и прашања меѓу претседателите на политичките партии.

Треба да знаете
Последни објави