Search

На повидок серија за варваринот Конан на „Нетфликс“

Иконскиот лик што помогна да се роди sвезда во Арнолд Шварценегер најверојатно ќе се врати на малите екрани во нова серија.

Стриминг-платформата „Нетфликс“, наводно, развива нова серија базирана на ликови од „Конан варваринот“, пренесуваат медиумите.

Конан првпат се појави во стриповите во 30-тите години на минатиот век и беше создаден од Роберт Е. Хауард. Ликот го глумеше Шварценегер на големите екрани во 80-тите.

Во своите најславни времиња, Conan The Barbarian (1982) дури ги победи култните класици како што се Blade Runner и Road Warrior. Во истоимениот филм од 2011 година, Конан го глумеше ѕвездата на „Аквамен“, Џејсон Момоа, но наиде на млак успех.

Треба да знаете
Последни објави