Search

МПС: Стоп за нападите врз полициските службеници

Македонскиот полициски синдикат , како единствен реперезентативен синдикат во Министерството за внатрешни работи на РСМ , НАЈОСТРО го осудува вчерашниот настан ,  кога  група на граѓани кои вршеле бесправна сеча на дрва , односно  дрвокрадци ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници кај селото Степанци  , во општина Чашка , при што со потешки телесни повреди се здобиле наши членови , односно полициски службеници !

Македонскиот полициски синдикат го известува своето членство и целокупната јавност во нашата држава , во континуитет работи и сериозно се  залага на тоа да се документираат и да се профилираат сите напади врз полициските службеници при вршење на работните задачи и притоа да се идентификуваат евентуално системски недостатоци , во контекст на отстранување на  недостатоци во системот  на заштита на нашите колеги .
Цврсто сме решени да го интензивираме овој процес што бара постојана опсервација и ангажман  , но исто така сме сигурни дека само така ќе овозможиме натамошно унапредување на позицијата на полицискиот службеник  во делот на неговата лична безбедност и заштита на неговото здравје .

Трендот на напади врз полициски службеници само затоа што професионално си ги извршуваат  работните обврски  и задачи , спроведувајќи го законот  , МОРА ДА ЗАПРЕ !

Сметаме ,   уверени сме  и стоиме цврсто на ставот дека секој напад врз полициски службеник , односно било какво девијантно однесување кон , пред се –  луѓето , кои секојдневно се грижат за безбедноста , редот и мирот во нашата држава  , на индиректен начин претставува напад врз Република Северна Македионија !

Правосудните органи мора да започнат да ги процесуираат нападите врз полициските службеници во најбрз можен временски рок , притоа паралелно да се заостри казнената политика , со цел елиминирање на појавата на напади врз полициски службеници   !

Како синдикат , сметаме дека ова е единствениот начин  , за да бидеме сигурни , дека во случај на напад врз полициски службеник , институциите ќе реагираат брзо и ефикасно , за да сторителите бидат најстрого санкционирани .

Напоменуваме дека за сите наши активности  , ќе бидат известени сите пријателски полициски синдикати од земјите на ЕУ , членки на Советот на Европските полициски синдикати во кои членуваат околу 250.000 полициски службеници , со барање  истите будно да ја следат сосотојбата со појавата на напади врз полициски службеници во нашата земја  , на активностите и правните исходи , од понатамошните одлуки на надлежните органи и институции .

Македонскиот полициски синдикат , секогаш ќе биде на страната на полицајците кои чесно , одговорно и професионално ги извршуваат своите работни обврски и задачи !
Само на тој начин ќе придонесеме граѓаните да ја прифатат полицијата како институција која е во служба на граѓаните . Професија која е главен столб и постулат во РСМ и ја  гарантира државноста , безбедноста , сигурноста и истовремено – пријател и заштитник на граѓаните  .

На крај , ги охрабруваме сите полициски службеници да ги пријават сите вербални или физички напади врз нив и да не потклекнуваат  на било какви притисоци .

Ние како Македонски полициски синдикат ќе ги штитиме нашите членови со сите средства што ни стојат на располагање .
Македонскиот полициски синдикат во континуитет вложува труд и беспрекорен напор  во заштитата на безбедноста по здравјето на нашите членови како и во унапредувањето на правата од социјален аспект на нашите членови  , на заштита на ликот и дигнитетот на полицаецот и полициската професија и еснаф и нема   никогаш , уште еднаш повторуваме , никогаш нема да дозволиме   , дури и во вакви изолирани случаеви , сторителите на  физички и вербален напад врз полициските службеници , да поминат без одговорност и соодветна казна  !
Треба да знаете
Последни објави