Search

Мотоциклист прегазил пешак на Партизанска и избегал

Несовесен мотоциклист удрил во пешак и наместо да застане и да му даде прва помош избегал од местото, вчера вечерта на булеварот Партизанска во Скопје.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 22.55 часот кога мотоцикл управуван од непознат возач, удрил во пешакот Л.С.(83) од Скопје, и избегал.

Од ударот Л.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена на лекување во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави