Search

Моторџија повреден во судир со „голф“

На 19.06.2019 година во 17,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Јане Сандански се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(36) од Скопје, и моторцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од К.М.(20) од Скопје.

Со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

Треба да знаете
Последни објави