Search

Монтажерот на „Пред дождот” добитник на наградата за животно дело на фестивалот „Синематик”

Во Кинотека на Македонија на 12 и 13 декември ќе се одржи третото издание на Фестивалот на филмска монтажа „Синематик”, а оваа година наградата за животно дело ќе ја понесе британскиот монтажер Ник Гастер.

Гастер е монтажер на два филмови на Милчо Манчевски„Пред дождот” и „Прашина”, како што ги опишува тој, амалгам на националниот револт и традиционалниот вестерн.

Тој е потпишан и на монтажата на филмовите на Теона Митевска – „Како убив светец” и „Жената што си ги избриша солзите”. Гастер го монтираше и „Ослободување на Скопје” на Раде Шербеџија.

Гастер нема да може да биде гостин во Скопје, поради ангажман на филм, затоа испрати порака за македонската јавност.

-Многу ми значи времето што го поминав во Македонија, работејќи и создавајќи пријатели со сите талентирани техничари и уметници од македонската филмска индустрија. Филмските луѓе сме посебна раса: го зборуваме истиот специјален јазик на соработувачка уметничка креативност што го прави животот вистински возбудлив, порача тој.

Изрази жалење бидејќи не може лично да ја прими наградата

Треба да знаете
Последни објави